Ако сакате за кратко време да влезете во форма, ви нудиме одлична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4-6 килограми. Принципот е следен: јадете кисело млеко кога ќе сакате и колку ќе сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата.
1, 2, 3 ден
Може да додадете варен ориз или компири во менито. Никакви газирани пијалаци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.
4, 5, 6 ден
Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалаци.
7 ден
Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. Важно е откако ќе завршите со 7. ден да не почнете да се прејадувате. Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.