Интелегентите луѓе пијат повеќе алхохол

Една скорешна студија покажала дека најпаметните луѓе во светот се меѓу најголемите алкохоличари. Студијата  била спроведена на Лондонската школа за економија, а во неа учествувале неколку илјади мажи и жени на возраст од 39 години.

Според студијата, поверојатно е пообразованите мажи да пијат алкохол во повеќето денови од неделата. Дури 71%  од нив пиеле повеќе алхохол од нормалното.

Како дополнување на ова, националната студија за развој на детето во Британија открила дека постои силна поврзаност меѓу детската интелигенција и количината алкохол што се консумира кога луѓето имаат 20, 30 и 40 години. Студијата покажала дека колку се децата поинтелигентни, толку повеќе пијат кога ќе пораснат.

 

Scroll to Top