Копривата е многу поздрава од спанаќот, зелјето и кој било лисест зеленчук, покажале неколку научни испитувања. Одлична е за детоксификација на организмот, за отстранување на целулитот, а коренот од копривата е одличен за третманите против опаѓање на косата. Затоа, нутриционистите препорачуваат да ја вклучите копривата во секојдневното мени, во облик на чорба, пити со коприва, чај од коприва и слично.
Копривата содржи големо количество хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А. Покрај тоа, таа е богата со многу флавоноиди, стероли и други состојки кои имаат позитивен ефект врз телото. Им се препорачува на лицата со анемија, зашто помага да се формираат нови црвени крвни зрнца.