Избегнувајте салата пред и по вежбање

Атлетичарката Ники Волтерс препорачува да не се јаде неколку часа пред тренингот или лесна храна. Таа вели дека треба да избегнувате салата пред и по вежбањето. Оброкот пред тренингот одредува колку енергија и масти ќе потрошите потоа. Оброкот по вежбањето е исто толку значаен заради враќањето на изгубената енергија.

„Напорите, трошењето и насочувањето енергија при тренингот е тешко, особено кога треба и да ја сварите храната која штотуку сте ја внеле“, вели таа.

По вежбањето се препорачува лесен оброк. Вели, треба да избегнувате хамбургери и пржени јајца. Таа вели дека зеленчукот не треба да се исфрли целосно, туку да се јаде зеленчук со поголема концентрација на прехранбени влакна. Храната со прехранбени влакна подолго време се вари, во тоа се вклучени повеќе органи, а тоа ги намалува концентрацијата и квалитетот и ефектите од вежбањето.

Сличен е и случајот со овошјето. Таа пред и по вежбање препорачува да се јадат јаболка и праски, но не и друго овошје.

Scroll to Top