Изберете храна според обликот на телото

Различни линии на телото подразбираат различен распоред на тежината и на екстра килограмите. За секогаш да бидете во топ форма изберете храна според фигурата.

Форма на телото „јаболко”

Ако вашата фигура ги следи овие линии, тогаш најмногу се дебелеете околу половината, рамениците и грбот. Затоа совршената диета за вас е да јадете малку и често. Конзумирајте храна богата со растителни влакна, овошје, зеленчук, витамин Ц и маснотии со ниски калирични вредности. Треба да избегнувате храна која предизвикува гасови и отоци, како што се тестенини и леб.

Форма на телото “круша”

Телото во облик на круша се карактеризира со многу пошироки бутови и колкови. Луѓето со овие линии имаат тенденција да се дебелеат околу бутовите и задникот. Карактеристично за нив е да го задржат вишокот на течности. Конзумирајте повеќе месо, риба, јајца, млечни производи и храна со протеини. Овошките како лубеница или ананас се одлични за вас оти го чистат телото. Комбинирајте ги со билни чаеви, како зелен чај. Избегнувајте да внесувате многу сол и леб, тестенини и ориз.

Форма на телото “Правоаголник”

Оваа форма на телото се карактеризира со тесни колкови и неодредена половината. За да останете со здрава тежина и привлечна форма, добро е во дневното мени храна да вклучите продукти богати со масти, како авокадо, бадеми, лосос и слично. Важно е да јадете здрава храна, а да избегнувате благо и грицки.

Облик на телото “песочен часовник”

Иако ова е најпосакуваната форма на телото, бидејќи вишокот тежина е рамномерно распореден, луѓето кои се карактеризираат со неа имаат тенденција да одржуваат високо ниво на шеќер во крвта. Се препорачува да изберете храна со малку шеќер и да имате 5-6 мали оброци на ден. Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, здрави масти од таканаречени посни протеини како пилешко, јајца, грав и друго.

Scroll to Top