Јадете чоколадо за здраво срце, тврдат кардиолозите од Минхен

Јадењето три чоколадни плочки месечно може да биде прилично здраво за срцето, велат експертите на конференцијата за кардиологија во Минхен.

Имено, веќе е докажано дека чоколадата ги намалува брчките и го намалува стресот, а според новата студија, исто така, може да го намали ризикот од срцева слабост.

Врз основа на податоците собрани од повеќе од половина милион возрасни лица, научниците заклучиле дека три изедени чоколади на месечна основа може да резултираат со 23% намалување на ризикот од срцеви заболувања.

„Верувам дека чоколадото е важен извор на флавоноиди поврзани со намалување на воспалението и зголемување на добриот холестерол“, рекол главниот автор на истражување, д-р Шијакрит Кританавонг, а пренесува британски „Телеграф“.

Но, истражувањето исто така покажало дека јадењето повеќе од три чоколади месечно може да го зголеми ризикот од срцеви компликации за 17 проценти.

„Чоколадото може да има високо ниво на заситени масти. Би рекол дека умерената потрошувачка на темно чоколадо е добра за здравјето “, додал д-р Кританавонг.

Scroll to Top