Како можете да се разболите од коронавирусот поради ноктите

Во текот на пандемијата на коронавиурс многу зборуваме за рацете и нивното миење, но треба да обратите внимание и на ноктите. Особено на нивната должина.

Долгите нокти не се никако препорачливи во време кога се бориме против коронавирусот од многу едноставна причина – потребно е многу подолго време за темелно да ги исчистите. Многумина не се свесни дека долгите нокти не се чистат само со миење на рацете, туку и долната страна на ноктот е полна со бактерии, па затоа мора темелно да ги исчистите. Иако темелното миење на рацете од 20 секунди може да го спречи вирусот ако ноктите ви се пократки, тоа никако не важи за оние кои имаат долги нокти.

Доколку имате долги нокти, почнете редовно да ја чистите долната страна на ноктот (секогаш носете четкичка за нокти со себе и додајте ѝ на долната страна на ноктот уште дополнителни 20 секунди. Во спротивно, најбезбедно е да ги скратите ноктите (барем додека трае пандемијата) и да ја одржувате должината, редовно да ги миете рацете и да не го допирате лицето.

Scroll to Top