Како најлесно да го расположите вашиот партнер

Сигурно веќе знаете доста трикови да го доведете вашиот партнер во соодветното расположение, но има уште неколку трикови во ракавот кои сигурно нема да ви наштетат.

Мажите и возбудува таа младелашка карактеристика кај жените да бидат спонтани. Пробајте и ќе ве изненади вашиот резултат.

Вашата ранливост

Повеќето жени се тредат да бидат самостојни и силни, но тоа може да биде лошо во врската. Мажите ги привлекува топлината, слаткоречливоста и ранливоста кај жените, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не. Поради тоа, потрудете се понекогаш да ја покажете и својата чувствителна страна.

Племенитост

Мажите ги привлекува кога ќе видат како жената им помага на другите, затоа што тоа покажува дека е грижлива и чувствителна. Пробајте да волонтирате неколку часа и ќе видите каков ефект тоа ќе има врз вашиот живот.

Одмор

На почетокот на врската сигурно нема да го привлечете партнерот на овој начин, но истражувањата покажаа дека мажите кои подолго време се во брак само сакаат да поминат малку време со својата поубава половина. Читањето книги во кревет или вечера и излегувањето во кино можат да го подобрат вашиот интимен живот.

Страв

Едно истражување покажа дека стравот може да биде добра мотивација за мажите да се отворат и да бидат поактивни кога интимниот однос е во прашање. Кој би рекол?

Црвена боја

За следното излегување одберете црвен фустан и ќе видите зошто црвената боја е таков афродизијак за мажите!

Долги, обликувани раце

Истражувањето спороведено во Австралија покажало дека мажите преферираат жени со долги, обликувани раце, дури и повеќе од жените со долги нозе. Можно да е поради тоа што делуваат послаби или едноставно одлично се гушкаат.

Насмевка

Мажите на несвесно ниво ги возбудува женското смеење, можно е поради тоа што ги потсеќа на звуците кои ги произведуваат во текот на интимниот однос.

Комплетирана долна облека

Мажите сакаат кога жените посветуваат внимание на долната облека, но не поради тоа што се пребирливи кога се во прашање ткаенините и материјалите, туку поради тоа што вложиле труд да се средат само за нив.

Пополнети бутови и колкови

Мажите преферираат жени со пополнети бутови, што е уште една причина да го сакате своето тело и облини!

 

Scroll to Top