Како најлесно да ја победите анемијата и да го подобрите железото во крвта

Доколку немаме доволен број на црвени крвни зрнца (еритроцити) во крвта, кои би носеле одредена количина кислород до сите клетки во телото, тоа укажува дека страдаме од анемија (слабокрвност). А со анализа на крвта во лабораторија, ниското ниво на хемоглобин во крвта може да ни го допотврди тоа.

Во многу случаи, причина за анемија (слабокрвност) е ниското ниво на железо, фолна киселина, витамин Б12 и витамин Ц во организмот, па затоа добрата и здрава исхрана е клучна во борбата против анемијата.

Симптоми на анемија

Најчести симптоми на анемија се:

  • хроничен замор,
  • низок крвен притисок,
  • чувство на слабост,
  • забрзано чукање на срцето,
  • главоболка,
  • вртоглавица,
  • чувство на студени раце и ладни стапала,
  • несоница,
  • депресија,
  • раздразливост,
  • крварење на непцата,
  • проблеми со кожата,
  • бледо лице,
  • косопад,
  • кршливи нокти.

Ако ја промените вашата вообичаена исхрана и ако вклучите природна и здрава храна богата со железо и витамин Ц во вашата исхрана, тогаш можете да ја подобрите, па дури и да ја излечите состојбата на анемија.

Магдонос и сок од лимон

Ситно исечкајте 1 китка магдонос и ставете ја во блендер. Додадете чаша вода и сок од 1 исцеден лимон. Добро изматете, па исцедете го сокот и испијте го наутро. Железото од магдонос подобро се апсорбира доколку се внесе во организмот заедно со лимонската киселина.

Салата за анемија

Оваа салата е многу лесна за правење, а нејзините состојки се идеални не само за лекување на анемијата, туку и за луѓе со висок холестерол, за бремени жени и за дијабетичари.

  • 3 чаши кафеав грав
  • 1 црвена пиперка исечкана на коцки
  • 1 жолта пиперка исечкана на коцки
  • ½ црвен кромид (ситно сецкан)
  • 1 китка магдонос (исечкан)
  • 2 исцедени лимони
  • 1 лажица маслиново масло, сол по вкус

Откако ќе го сварите гравот, добро исцедете го претурете го во сад. Додадете пиперки, кромид и магдонос. Потоа прелијте со маслиново масло, сок од лимон и сол по желба.

Scroll to Top