Каснете банана наместо да пиете апчиња

Некои проблеми бананата ги решава подобро од таблети. Таа содржи три видови шеќери, изобилува со растителни влакна и важи за еден од најбрзите извори на енергија.

Стрес

Стресот го нарекуваат болест на модерното време. Тој остава големи последици врз нашето здравје, во голема мера го забрзува матеболизмот и притоа паѓа нивото на калиум во организмот. Една банана содржи доволно калиум за да го нормализира бројот на срцеви отчукувања, да обезбеди кислород во мозокот и да одржи оптимална количина вода во телото.

Крвен притисок

Високиот внес на натриум и малиот внес на калиум има негативно влијание врз крвниот притисок. Затоа е важно на телото да му се обезбеди поголема количина калиум, а него во голема мера го содржат бананите. Се препорачува секое утро да се јаде една банана која ќе го одржи крвниот притисок во граници на нормалата.

Подуеност

Бананите содржат пектин, кој го забрзува варењето на храната. Истовремено поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Делуваат и како пробиотик и ја стимулираат работата на цревата. Сето ова ја поттикнува работата на метаболизмот и ја намалува подуеноста.

ПМС

Бананите изобилуваат со витамин Б6 кој влијае врз нивото на глукоза во крвта. Овој витамин го редуцира проблемот со болки во градите, промените во расположението и насобирање на вода во телото, кои се дел од ПМС кај жените.

Депресија

Триптофанот го поттикува излачувањето серотонин, кој е познат како хормон на среќа. Една банана е доволна да го крене нивото на серотонин, кој предизвикува чувство на смиреност и задоволство.

Scroll to Top