Тим кинески научници откри дека новиот коронавирус останува во спермата на мажот дури и кога тој ќе почне да закрепнува од болеста. Кинезите ги објавија резултатите од истражувањето во четвртокот.
Во општинската болница во Шангај, 38 пациенти биле прегледани во текот на јануари и февруари. Кај 16 отсто од нив, коронавирусот бил пронајден во семето. Една четвртина од нив биле во акутна фаза на инфекција, а 9 отсто биле во фаза на закрепнување.
Кинеските научници сметаат дека ова не е изненадувачко откритие, бидејќи многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Претходно и ебола и зика беа пронајдени во спермата на пациентите неколку месеци по закрепнувањето.
Сепак, сè уште не е јасно дали коронавирусот може да се шири преку сексуален однос и потребни се понатамошни студии за да се утврди ова.