Киноа го зајакнува имунитетот, ги исфрла натоложените токсини и го топи салото

Киноата може да се користи како замена за месо, богата е со витамини и минерали и е многу хранлива. Содржи многу повеќе протеини, Б витамини, диетални влакна и минерали за разлика од многу други житарки.

Ако ја ставите во чорба, речиси и нема да ја забележите разликата помеѓу оваа житарка и месото.

Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три.

Дури и Обединетите нации ја прифатија киноата како суперхрана. Исто така, таа не содржи глутен и многу лесно се вари. Помага при варење на храната, а со тоа и при слабеење, ги отстранува насобраните токсини, но и благотворно делува врз имунолошкиот систем.

Народната медицина ја користи и за лекување на разни кожни болести, ревматизам, а поради високата содржина на калиум поволно делува врз кардиоваскуларниот систем.

Scroll to Top