Киселите краставички го намалуваат стресот

Киселите краставички можат да ни помогнат да го победиме стресот, тврдат научниците кои откриле дека ферментираната храна е одлична за здравјето. Во нивното испитување биле вклучени 710 студенти и било утврдено дека нивната анксиозност и стрес се намалиле откако конзумирале кисели краставички.

Според научниците, за тоа се одговорни пробиотиците или здравата бактерија која ја содржат во себе. Пробиотиците влијаат на цревата, а тоа праќа позитивен сигнал до нашиот мозок, што ја намалува анксиозноста и го намалува стресот.

 

Scroll to Top