Кога не треба да претерате со лимонот

Повеќето луѓе го сметаат лимонот за основа на здравата храна. Тој е одговорен за прекрасната кожа и коса. Меѓутоа, дури и лимонот може да има негативни споредни ефекти. На пример, ако внесете премногу лимонов сок во еден ден, шансите за проблеми со стомакот се големи. Слузницата на органите за варење ќе стане иритирана, што ќе доведе до болки во стомакот.

Другата нуспојава од ова овошје е да помага при создавањето бубрежни камења и песок во жолчката. Прекумерната употреба на лимонот може да направи вашиот дигестивен тракт абнормално да апсорбира железо. Студиите покажуваат дека лимонот може да биде еден од најчестите предизвикувачи на мигрена и главоболка.

Консумирањето на лимоновиот сок исто така може да биде штетно за вашите заби. Познато е дека лимонската киселина и аскорбинската киселина која се наоѓа во лимонот предизвикува сериозно оштетување на прекривката на забите. Тоа може да доведе до промена на бојата на забите.

Значи, лимонот е полн со витаминот Ц и е еден од најздравите цитруси, но бидете умерени при неговото консумирање.

Scroll to Top