Доколку имате крема за сончање останата од лани, добро проверете го датумот пред да ја понесете со себе на одмор. Британскиот дерматолог Мервин Патерсон откри дека освен наведениот рок на траење постојат неколку знаци кои ќе ви откријаат дали смеете да ја користите кремата.
„Доколку приметите промена во мирисот и текстурата на кремата, без оглед на рокот обележан на амабалажата, фрлете ја“, вели докторот.
Според Патерсон, овие креми имаат рок на траење до една година, па ако користите стара крема, освен што може да ве изгори сонцето, оти немаат ефект, може да ви се појави и иритација на кожата. Тој советува кремите да ги чувате на ладно и темно место, најубаво во фрижидерот за храна.