Колку долгото седење е штетно за здравјето

Долгото седење од година во година станува сè почеста причина за здравствени проблеми. Истражувањето спроведено во Америка даде загрижувачки резултати. Повеќе од 25% од Американците седат повеќе од осум часа дневно, а 44% од нив малку вежбаат или воопшто не прават никакви физички активности.

Просечниот Американец гледа телевизија три часа и активно се движи околу 15-20 минути дневно.

Сепак, ова не е случај само со Америка. Во текот на денот, потребни се 60 до 75 минути умерена физичка активност, како што е одење, за да се неутрализираат часовите на седење.

Според една студија од 2011 година, во која биле анализирани 800.000 луѓе, било заклучено дека луѓето кои седат најмногу се изложени на ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Бројките се навистина загрижувачки:

  • 112% поголем ризик за дијабетес
  • 147% поголем ризик за срцев удар или мозочен удар
  • 90% поголем ризик за кардиоваскуларни заболувања
  • 49% поголем ризик од смрт од  што било од горенаведеното.

Зошто седењето може да биде лошо?

Долготрајното седење ја намалува циркулацијата. Ова овозможува да се акумулираат маснотии во крвните садови. Исто така, може да доведе до дијабетес тип 2 поради отпорност на инсулин или дебелина.

Една студија од 2018 година покажа дека 82% од луѓето кои седат премногу долго секој ден, почесто имаат проблем со затнати крвни садови. Покрај тоа, ја забавува способноста на телото да ги вари маснотиите. Во тој случај, тие се таложат по целото тело.

Но, бидејќи седењето е неизбежно, потребно е да најдете начин како да ги отстраните негативните последици.

Станувајте секој час и правете по неколку чекори, истегнувајте се.

Грижете се за вашето држење на телото. Лошото држење на телото може да доведе до проблеми со ‘рбетот, намалена циркулација, замор и губење на мускулната сила.

Ако треба да седите, исправете го грбот, повлечете го стомакот што е можно поблиску до ‘рбетот за да ги активирате мускулите и да ја одржите циркулацијата.

Работете на висока маса. Ако ја имате оваа можност, вашето срце ќе ви биде благодарно.

Вежбајте. Обидете се да се дисциплинирате, вежбајте секој ден и пешачете повеќе. Секоја минута од движењето е важна.

Scroll to Top