Компир диета: За три дена намалете до пет килограми

Една од најпопуларните диети во светот, која ја препорачуваат и ѕвездите од шоу бизнисот, е диетатат базирана на компир, а се држи три дена. Оваа диета вклучува и јогурт со малку маснотии. Со правилно придржување до диетата, можете да намалите до пет килограми за три дена.

Скробот кој го содржи компирот, покрај млечната киселина од јогуртот, му дава на телото доволно калории дневно, а скробот во комбинација со вода дава чувство на ситост.

Прв ден

Појадок: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Ручек: два варени компира без сол и една чаша јогурт.
Вечера: две чаши јогурт.

Втор ден

Појадок: една чаша јогурт.
Ручек: два варени компира без сол и една чаша јогурт.
Вечера: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.

Трет ден

Појадок: еден варен компир без сол.
Ручек: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
Вечера: една чаша јогурт.

Важно: не смеете да ги замените варениот со пржен компир. Варениот компир содржи многу витамини и минерали и влакна кои го забрзуваат варењето, а јогуртот го регулира дигестивниот систем, ги отстранува вишоците вода и токсините од телото.

Scroll to Top