Наместо да купувате скапи креми против целулит, пробајте да го намалите со помош на куркума. Овој индиски зачин има лековити својства и е совршен во борбата со вишокот килограми. Се препорачува секој ден да користите од 1 до 3 грама куркума.
Експертите велат дека е најдобро лажичка куркума да растопите во чаша млака вода и да ја пиете наутро за да има што подобар ефект во процесот на слабеење.
Некои нутриционисти препорачуваат пред спиење да испиете чаша топло млеко во кое сте ставиле лажичка куркума.
Но, за да имате видливи резултати, важно е да ја регулирате исхраната и да вежбате. Куркумата ќе ви помогне резултатите да бидат побрзо видливи.