Откриен е максималниот животен век кај луѓето. Истражувањето објавено во списанието „Nature Communications“ укажува дека наскоро луѓето би можеле да живеат и до 150 години.
А тоа е воедно најгорната граница на природниот век на човечкиот живот.
Очекувано, во последните сто години животниот век скоро се дуплирал. Тоа го овозможиле повеќе фактори, како шти е развојот на медицијната, особено вакцините, но и поквалитетната исхрана, хигиената…
Сега најдолгиот просечен животен век е во Јапонија каде жените живеат околу 84 години.
Моментално, според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жива личност на светот е Јапонката Кане Танака која има 118 години. Џејн Калмент, најстарата личност која некогаш живеела, умрела во Франција на 122 години.
Нјановото истражување укажало дека 150 години би бил нашиот биолошки максимум.
Сепак, со генетските манипулации и новите лекови, можеби и тој праг би можел да се надмине.