Луѓето што не може да влезат во фармерките што ги носеле на 21 година имаат поголем ризик да развијат дијабетес

Луѓето што не можат да ги облечат фармерките што ги носеле кога имале 21 година имаат поголем  ризик да развијат дијабетес тип 2, тврдат водечките светски експерти за оваа болест. Ова го покажа истражување направено на Универзитетот Њукасл.

„Ако луѓето откријат дека веќе не можат да влезат во панталони со иста големина како кога имале 21 година, тогаш тие носат премногу маснотии во телото“, вели професорот Рој Тејлор, од Универзитетот Њукасл.

Тејлор ги презентираше податоците на годишната конференција на Европската асоцијација за проучување дијабетес во раната фаза. Студијата покажа дека луѓето со нормална тежина со дијабетес тип 2 можат да го надминат дијабетесот ако ослабат. Осум од 12 луѓе успеале да се ослободат од дијабетесот со губење на 10 до 15% од нивната телесна тежина.

Учесниците во студијата, кои имале дијабетес тип 2, а нормален индекс на телесна маса (БМИ), успеале да го намалат нивото на маснотии во црниот дроб и панкреасот. Кај нив се покажало дека активноста на клетките што произведуваат инсулин во панкреасот почнала да се враќа во нормала.

„Лекарите претпоставуваат дека дијабетес тип 2 се појавува поради различни причина кај оние кои немаат прекумерна тежина. Ние успеавме да докажеме дека ако луѓето со нормална тежина изгубат дополнително 10 до 15% од тежината, тогаш имаат многу добри шанси да се ослободат и од дијабетесот“, вели Тејлор.

Учесниците кои имаа просечен БМИ од 24,5, се придржуваа до програма за слабеење која вклучуваше течност со нискокалорична диета две недели и тие секој ден внесуваа само 800 калории дневно преку супи и шејкови. Оваа група направи три круга од оваа програма додека не изгубија 10 до 15% од нивната тежина.

Откако ја изгубија потребната тежината, скенирањето кај овие луѓе покажа намалување на маснотиите во црниот дроб, а кај 8 осум од 12. учесници, дијабетесот тип 2 отиде во ремисија, што беше дефинирано како да се контролира нивото на шеќер во крвта и на пациентите повеќе нема да им требаат лекови.

Тејлор вели дека иако резултатите се прелиминарни, многу јасно покажуваат дека дијабетесот не е предизвикан од дебелина, туку затоа што е премногу тежок за сопственото тело.

„Ако не можете да влезете во панталони со иста големина како кога сте имале 21 година, носите премногу маснотии и затоа ризикувате да добиете дијабетес тип 2, дури и ако немате прекумерна тежина“, вели тој.

Д-р Луси Чемберс, раководител за истражувачки комуникации во Дијабетес Велика Британија, која го финансираше студијата, вели дека наодите се рани и дека целосни резултати се очекуваат во 2022 година.

Scroll to Top