Маската од портокал и кисело млеко ја нарекуваат чудесна маска. Таа помага на природен начин да се справите со проширените пори, здодевните брчки, ја зајакнува текстура на кожата и ја избелува од темните дамки.
Потребни состојки
- 50 мл сок од портокал
- 3 супени лажици кисело млеко
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка
Измешајте ги сите состојки заедно за да добиете мазна текстура. Добиената смеса нанесете ја врз претходно исчистената кожа на лицето и оставете ја да дејствува 10 минути. На крај, исплакнете со вода. Практикувајте го домашниот третман еднаш неделно.