Маска од кисело млеко и портокал за совршено лице

Маската од портокал и кисело млеко ја нарекуваат чудесна маска. Таа помага на природен начин да се справите со проширените пори, здодевните брчки, ја зајакнува текстура на кожата и ја избелува од темните дамки.

Потребни состојки

  • 50 мл сок од портокал
  • 3 супени лажици кисело млеко
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно за да добиете мазна текстура. Добиената смеса нанесете ја врз претходно исчистената кожа на лицето и оставете ја да дејствува 10 минути. На крај, исплакнете со вода. Практикувајте го домашниот третман еднаш неделно.

Scroll to Top