Маслиновото масло ја подобрува машката сексуалност

Маслиновото масло влијае позитивно врз кардиоваскуларниот систем, но и врз машката сексуалност, тврдат експертите.

Во новата научна студија спроведена на Универзитетот во Атина, која учествувале 660 мажи кои биле ставени на медитеранска диета со маслиново масло. Истражувачите утврдиле дека девет лажици маслиново масло дневно може да ги подобрат сексуалните перформанси на мажот.  Маслиновото масло помага во зголемување на нивото на тестостерон и го намалува ризикот од еректилна дисфункција.

Ова масло го намалува ризикот од импотенција за 40 проценти. Уште позначајно е што ова се однесува на долгорочен план, за разлика од виаграта која дејствува краткорочно.

Scroll to Top