Истражувањата на германските научници покажале дека има разлика во начинот на кој телата на мажите и жените реагираат на настинки и вирози. Мажите полесно се разболуваат од жените и потешко се борат против вирусите, вели докторката Бетрик Грубек Лобенштајн.
Причината за тоа е во хормоните. Женскиот хормон естроген помага антителата побрзо да се размножат во органимот и полесно да се борат против вирусите. Машкиот хормон, тестостеронот, му дава поголема физичка сила на машкото тело, но има негативен ефект врз размножувањето на антителата, па затоа мажите потешко се справуваат со грипот и настинките.