Пијалок од цимет и лимон ги отстранува маснотиите-слабејте на здрав начин

Состојките се лесно достапни, а рецептот – едноставен.

Пијалок што содржи цимет и лимон ќе го активира вашиот метаболизам и со тоа ќе ви помогне да ја постигнете посакуваната тежина.

Состојки:

1 лажичка цимет во прав
Сок од пола лимон
1-2 лажички мед
250 мл вода

Приготвување:

Прелијте го циметот со врела вода па оставете го да се олади неколку минути на собна температура. Потоа додадете го медот и исцедениот лимон. Добро измешајте и испијте.

Зошто овој напиток делува?

Циметот го загрева телото и го поттикнува метаболизмот што придонесува за слабеење. Земањето цимет пред спиење најмногу ќе придонесе за слабеење во пределот на стомакот, исто така, го потиснува апетитот и придонесува за чувството на ситост.

Освен што помага за снижување на лошиот холестерол, циметот придонесува за регулирање на шеќерот во крвта. Има и антибактериски својства и ги чисти лошите бактерии од желудникот.

Не се препорачува консумирање на повеќе од една лажичка (5 г) дневно, во текот на шест недели (или пократко) без пауза.

Богат со витамин Ц, лимонот е одличен додаток во секоја исхрана за оние што сакаат да ослабнат. Богат е со нутриенти кои го поттикнуваат метаболизмот на маснотиите и помагаат во превенција на дебелината. Овие цитруси можат да го продолжат и чувството на ситост, што ја намалува желбата за храна и може да придонесе за слабеењето.

Напитокот од лимон, мед и цимет е најдобро да се испие наутро, 20-30 минути пред појадок. Ако сакате можете да го испиете и 30 минути пред ручек.

Ако сте на диета во која ги броите калориите, сметајте дека медот ја зголемува калориската вреднст на овој напиток (кој без медот речиси и нема калории). Една супена лажица мед содржи окоу 21 kcal. Ако не сакате да користите мед, можете да додадете цимет и лимон во зелен чај, а не во вода.

Scroll to Top