Со морско оревче против несоница

Безброј луѓе во светот страдаат од несоница и имаат проблеми со сонот. Но, наместо да пиете лекови за спиење, лекарите препорачуваат да се напиете чаша вода во која ќе ставите половина мала лажичка мелено морско оревче. Пијте ја течноста 4-5 часа пред спиење.

Ова е исклучително ефикасен третман кога станува збор за пореметување на сонот. Овој зачин има бројни здравствени предности, тој е одличен за детоксикацијата на организмот, помага во варењето на храната, ја ублажува непријатноста, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува здравјето на кожата и го подобрува протокот на крв. Освен тоа, тој има умерен седатив кој ефикасно делува кога имате проблеми со спиењето.

 

Scroll to Top