Над 100 илјади Французи протестираа против задолжителната вакцинација

Повеќе од 100 илјади луѓе протестираа низ улиците на Франција. Тие се противат на одлуката на Владата да ги натера луѓето да се вакцинираат со цел да го спречи ширењето на делта сојот на ковид 19. Екстремниот десничарски политичар, Флоријан Филипот, беше предводник на протестот.

Филипот е познат како близок човек на Марин ле пен, жената која објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2022 година. Тој ја осуди владината одлука со која вакцината против ковид-19 е задолжителна за сите здравствени работници.

„’Макрон, оди си!’, ‘Слобода’“, скандираа демонстрантите и удираа со метални лажички во тенџерињата. „Никогаш нема да се вакцинирам“, рече Бруно Окиер, 53-годишен градски советник, кој живее на периферијата на Париз.

„Луѓето треба да се разбудат, не се знае колку се безбедни вакцините“, вели тој и додава дека ќе ги отпише своите две деца од училиште ако се бара вакцинација во државните школи.

Демонстрантите протестираа и против против ковид-пропусница со која се докажува дека луѓето се целосно вакцинирани.

Исто така со таа пропусници луѓето можат да докажат дека имаат негативен ковид тест или ја прележале болеста, а со таа ќе им биде дозволен пристап во рестораните и другите јавни места. Претседателот Емануел Макрон утре ќе го претстави Предлог-законот.

Владата предупреди на брзото ширење на делта сојот, или јужноафриканскиот сој, и стравува дека повторно болниците ќе се преполнат, ако нема голем број на вакцинирани против вирусот.

Во Франција досега се регистрирани над 111 илјади починати од ковид-19.

Scroll to Top