Ако нешто пандемијата ни докажа во текот на минатата година, тоа е дека ни времето ни парите не се изговор за тоа што не вежбаме. Искористете го вишокот слободно време и почнете да вежбате уште денес.
За да не губите време во барање на вистинските апликации, ние го сторивме тоа наместо вас и ви ги претставуваме петте најдобри фитнес-апликации. Вам ви останува само да направите малку простор во својата соба и да одвоите половина час дневно.
Од мирни медитации преку истекнување и затегнување, па сè до најјаките ХИИТ-тренинзи – изборот е ваш.
1. Alo Moves
Оваа апликација претставува продолжение на популарниот бренд за спортска облека, кој нуди илјадници предавања за умот, телото и душата и тие нудат професионално искуство и дома. Со четири категории – јога, фитнес, фокус и вештини, како и осум инструктори, оваа апликација е совршено приспособена на вашите потреби и животен стил.
View this post on Instagram
2. Nike + Run Club
Убавото време е овде, а патеката или паркот сигурно не се многу оддалечени од вас – тогаш зошто сè уште не сте почнале да трчате? Со оглед на тоа дека трчањето е вештина, почнете со ситни чекори со оваа апликација, која ќе ви биде извор на инспирација, насоки и иновации.
Nike + Run Club ги приспособува плановите за тренинзи од 5, 10 и 15 км, полумаратони и маратони, врз основа на вашето темпо и најголемата оддалеченост што можете да ја истрчате (нуди и ГПС-следење). На тој начин ќе ве мотивира секогаш да го надминувате својот личен рекорд. Тука се и тренерите, спортистите и забавувачите, кои ќе ви помогнат трчањето да ви стане полесно и побрзо.
View this post on Instagram
3. Obé
Ако забавниот и разигран концепт не е доволен да ве привлече, понудата на апликацијата со над 20 часа за тренинг дневно сигурно ќе ви привлече внимание. На посебно барање можете да пристапите и до дополнителни 5.000 часа поради што нема да ви недостигаат сила, јога и кардио-тренинзи. Апликацијата има и оддел за деца, па повикајте ги малите да ви се придружат на забавата.
View this post on Instagram
4. All Out Studio
Оваа апликација содржи над 100 видеозаписи со вежби на барање на кое можете да ги стримувате во кое било време. Без разлика на тоа дали сакате да работите на вашата издржливост, да играте со кардио-часови или да уживате во минијатурните тренинзи со јога – сè е вие е достапно во часовите организирани од 10 до 60 минути.
View this post on Instagram
5. Calm
Со класични тренинзи го вежбаме телото, а со медитација умот, што е еднакво, ако не и уште поважно. Поради тоа, симнете ја оваа апликација за деновите кога ви е потребно да ги наполните батериите, да го смирите умот и да си дојдете на себе. Не само што ве очекуваат прекрасни медитации туку има и вежби за нежно истегнување и квалитетен сон.
View this post on Instagram