За намалување на целулитот, освен што може да употреебувате антицелулитни креми, можете да направите и домашен тоник од јаболков оцет. Измешајте оцет од јаболко со масло со витамин Е во сооднос 3:1. Со таа смеса масирајте ја кожата два пати дневно, но задолжително навечер. Во текот на ноќта кожата излачува одредени липиди кои придонесуваат оваа смеса најдобро да се впие. Тоа ќе ви помогне постепено да се ослободите од целулитот.