Намалете го високиот крвен притисок со цимет

Ако имате висок крвен притисок, можете да го намалите со цимет. Неколку истражувања потврдија дека притисокот може да се намали со помош на овој зачин. Додадете два грама (половина мала лажичка) цимет во вашата дневна исхрана и така полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок, велат експертите.

„Препорачливо е да вклучите цимет во секојдневната исхрана. Но немојте да мислите дека само со тоа ќе успеете да го намалите крвниот притисок. Храната во целина треба да се прилагоди на здравствената состојба. Мора и да вежбате ако сакате да го одржите здравјето“, вели Венди Бразалијан, автор на книгата „Диета со суперхрана“.

Таа вели дека циметот можете да го додадете во појадокот, во кадето, во десертите. Истовремено, за да го намалите високиот крвен притисок, препорачува да го промените начинот на исхрана, да го намалите внесувањето сол и маснотии, а да го зголемите внесувањето вода во организмот.

Scroll to Top