Намалете ја болката во грбот за 2 минути со јога

Ако чувствувате болка во грбот, обидете се да ја намалите непријатноста со едноставна јога-вежба од само две минути, велат експертите. За оваа едноставна вежба ви треба ремен. Не треба да се загрижите ако не успеете да ја направите вежбата од прв обид.

Легнете на грб со свиткани колена. Потоа исправете се и кренете ја десната нога под агол од 90 степени, а ременот ставете го на стапалото и држете го така. Ако ви е тешко да го направите тоа, кренете ја ногата од подот, под поголем агол, колку што можете. Ногата секогаш треба да е исправена. Истото направете го и со левата нога.

Повторете ја вежбата, но овој пат со исправена нога на подот. Целото време дишете длабоко, тоа дополнително ќе ве опушти.

Scroll to Top