Намирници кои не треба да се јадат на празен стомак

Оваа листа на намирници не треба да ја консумирате веднаш штом станувате, бидејќи можат да имаат лош ефект врз нашиот организам.

Млечни производи

Можеби се изненадите, но јогуртот, млекото или другите млечни производи не се препорачува да ги консумирате на празен стомак. Млечните киселини што ги внесуваме преку овие производи се „убиваат“ со хлороводородна киселина од желудникот. Тоа е причината зошто внесот на млечните производи има многу мала корист за нашето тело кога ги консумираме на празен стомак.

Домат

Ова овошје содржи високо ниво на танин, што доведува до зголемување на киселоста во стомакот, што често резултира со гастритис.

Слатки

Под ова, не мислиме само на бонбони, чоколади, туку и на „скриената“ здрава храна – мусли, интегрални колачи и слично. Внесувањето слатки работи на празен стомак предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин, а тоа може да има штетно влијание врз панкреасот.

Зелен зеленчук

Иако спанаќот, блитвата, кељот и зелката се многу здрави, сепак нутриционистите не предлагаат да ги консумирате наутро. Причината е што овој зеленчук е богат со аминокиселини и може да предизвика металоиди и болка во горниот дел на стомакот.

Лиснато тесто

Избегнувајте колачи, кроасани и други лиснати работи бидејќи маргаринот, како и квасецот може да предизвикаат надуеност.

Храната што се препорачува да се јаде наутро се на пример овесот (но оној што го правите сами, не сте го купиле) или палентата. Тие ќе формираат заштитен слој во стомакот и на тој начин ќе го заштитат од киселини, што ќе го стимулира варењето. Исто така, јајцата, интегралниот леб и медот се препорачува да се консумираат на празен стомак, бидејќи имаат корисен ефект врз здравјето, а ќе дадат и чувство на ситост подолго време.

Scroll to Top