Нането или мента е едно од најпознатите лековити растенија, коешто се користи во народната медицина уште од античките времиња
Нането е растение кое помага при варење на храната. А покрај тоа, има и аналгетски ефект. Може да се користи директно набрана од градината како додаток во минерална вода или разни пијалаци.
Истражувањата покажаа дека помага во дигестивниот процес и ги ублажува стомачните тегоби.
Дури и мирисот може значително да го намали стресот или чувството на меланхолија. Ова е поврзано со специфични рецептори во мозокот кои укажуваат дека е време да се опуштите.
Можете да направите чај, да го додадете во чоколадни рецепти и во салатата, или, пак, да уживате во сладоледот со вкус на нане. Затоа, нема те изговор зошто да не го вклучите ова миризливо растение во вашата исхрана уште денес.