Нападите на бес и прекумерното вежбање може да предизвикаат мозочен удар, предупредуваат лекарите

Неодамна во European Heart Journal of the European Society of Cardiology беше објавена студијата „Interstroke“, каде тим од меѓународни истражувачи проучувале повеќе од 13.000 пациенти во 32 земји кои доживеале мозочен удар.

Многу студии се фокусираа на среднорочни до долгорочни ризици, како што се хипертензија, дебелина или пушење. Нашата студија имаше за цел да ги разгледа акутните ризици кои можат да дејствуваат како предизвикувачи на мозочниот удар“, изјави главниот истражувач и професор Ендрју Смит од Националниот универзитет во Голвеј во Ирска.

Студијата ги анализираше пациентите кои страдале од исхемичен мозочен удар и поретко интрацеребрално крварење. Еден од единаесет преживеани доживеал епизода на лутина или вознемиреност еден час пред да доживее мозочен удар, додека еден од 20 пациенти бил под тежок физички напор.

Гнев, емоционална вознемиреност и тежок физички напор

Собраните податоци покажуваат дека гневот или емоционалната вознемиреност се поврзани со приближно 30 проценти зголемен ризик од мозочен удар во рок од еден час подоцна. Тешкиот физички напор, како што е екстремното вежбање, може да биде поврзан со околу 60 проценти зголемен ризик од интрацеребрална хеморагија, ретка форма на мозочен удар што предизвикува крварење во мозокот.

Scroll to Top