Искористете ја пролетта за да го наполните организмот со витамини и минерали, а и да го исчистите од отрови и да го подготвите за летото.
Пролетта е време на будење, обновување и развој. Ритамот на нашето тело е поврзано со ритамот на природата.
Иако ѓумбирот е нашироко познат по својот зачински вкус, тој се користи како медицински лек повеќе од 2000 години. Помага при стомачни тегоби, гадење, повраќање и дијареа. Свежиот ѓумбир може да се користи за лекување на главоболка, артритис и други болести.
За да направите утринско чистење на организмот, доволно се околу 50 грама свеж ѓумбир. Многумина имаат проблем при неговото лупење, зошто лушпата е многу тенка. Најдобро и најпрецизно се лупи со помош на лажичка: нежно истругајте ја лушпата и таа лесно ќе се отстрани.
Оваа напивка може да ја промени циркулацијата на крвта, да го зајакне имунолошкиот систем, да го исчисто црниот дроб и да го намали влијанието на слободните радикали.
Состав:
8 чешниња лук
8 лажици лимон
корен од ѓумбир
4 литри вода
Подготовка:
Ѓумбирот и лукот се сечкаат и со 8 лажици цеден лимон се блендираат.
Ставете 4 литри вода во лонец да проврие, потоа ставете ја содржината од блендерот.
Кога водата ќе зоврие, лонецот се трга и се остава да се излади, а потоа сокот прецедете го во стаклени шишиња.
Овој напиток се пие секојдневно, два часа пред оброк.
Резултатите ќе ги почуствувате набрзо