Напивка со која ќе го отстраните каменот во бубрег

Просото е хранлива и здрава житарка која дејствува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур. Бубрежните камења можат да поминат преку уринарниот тракт без големи тешкотии ако се поситни, а за таа цел е потребно да пиете многу течности. Ако станува збор за поголем камен или за повеќе камења, тоа е многу болен процес и бара помош од лекар.

Бубрежниот камен можете да го решите и на природен начин, а најлековитата супстанца за тоа се наоѓа во просото, кое уште многу одамна се користи во медицински цели.

Кај бубрежниот камен просото дејствува така што ги разградува камењата, песокот и талогот во бубрезите и мочниот меур.

Напиток против бубрежен камен

 

Состојки:

– 200 грама просо

– 2 литри вода

– Тенџере од 3 литри

– Тегла со капак

Подготовка:

Навечер пред спиење измијте го просото во топла вода и оставете го така да отстои преку ноќта. Наутро просото ставете го во поголемо тенџере. Загрејте 2 литри вода до зовривање и прелијте го просото кое претходно го ставивте во тенџерето.Поклопете го тенџерето и оставете го да отстои така цел ден. Вечерта или следното утро промешајте и процедете, а тешноста ставете ја во тегла и затворете ја. Течноста пијте ја секој ден без прекини 10 до 15 дена во неограничени количини (минимум 300 милилитри дневно).

Scroll to Top