Дури и да не пушите цигари и водите сметка за своето здравје, само пасивното пушење, односно присуството во друштво на пушачи остава сериозни последици на вашите бели дробови. Затоа прочистете ги вашите дишни патишта со само три состојки кои повеќето од нас ги имаат во кујната. Комбинацијата од ѓумбир, кромид и куркума дава моќен напиток.
Ѓумбирот со векови е познат по тоа што помага да се ослободиме од прекумерната слуз во белите дробови. Кромидот има голема улога во спречувањето на разните болести на дишните патишта, а куркумата, богата со витамини и минерали, има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства.
Потребно ви е:
1 кг кромид, 1 литар вода, 400 гр шеќер или мед, 2 лажици куркума, 1 помал корен од ѓмбир.
Подготовка:
Растворете го шеќерот или медот во водата, па ставете ги да вријат. Главиците кромид исечкајте ги на четвртинки, исчистете го коренот од ѓумбир и двете ставете ги во слатката вода. Кога мешавината повторно ќе зоврие, додадете ја куркумата и намалете го огнот. Варете на тивок оган додека количината на водата да се намали за половина. Процедете и пресипете во стаклена тегла. Кога ќе се олади смесата, ставете ја во фрижидер. Секое утро на празен стомак консумирајте по две лажици од овој еликсир, како и навечер два часа по последниот оброк.