Тиквата изобилува со витамин А и Ц, а исто така и со разновидни ензими што ја хранат кожата и го подобруваат нејзиниот квалитет. Затоа домашната маска од тиква ја прави кожата нежна и мазна.
За да ја направите маската ви требаат следниве состојки:
- Печена (исчистена) или конзервирана тиква
- Јогурт
- Мед
- Бадеми
- Маслиново масло
Во еден сад ставете две шолји тиква и измешајте. Додадете 4 лажички јогурт, 4 лажички мед, 1/3 шолја мелени бадеми и 1/4 лажичка маслиново масло. Потоа измешајте ја смесата и нанесете ја на чисто лице. За подобар ефект оставете ја маската на лицето 5-10 минути. На крајот избришете го лицето со чиста крпа. Остатокот од маската можете да го зачувате и повторно да го употребите.