Две неодамнешни студии открија зошто луѓето заразени од корона може да имаат симптоми, кои варираат од благи до никакви, па сè до тешка клиничка слика и смрт. Истражувањето спроведено на Универзитетот „Рокфелер“ покажа дека одреден број пациенти имаат мутација на гените и дека тие се активираат кога телото го напаѓа вирусот за да се одбрани од болеста.
Мутацијата на гените го тера организмот да создава автоантитела, кои наместо вирусите, го напаѓаат самиот организам и во него прават хаос.
„Нè вџаши истражувањето што покажа дека организмот кај пациентот со мутација на гените реагира така што ги напаѓа сопствените ќелии, а не вирусот. Ова е откритие што ќе има големо влијание врз дијагностиката и лекувањето“, рече Жан-Лоран Казанова, водач на студијата.
„Доколку е некој позитивен на коронавирус, би требало понатамошното лекување да опфаќа и тест на автоантителата и адекватна реакција на медицинските лица ако се утврди дека тие антитела постојат. Отстранувањето на тие антитела од крвта би можело значајно да го олесни понатамошното лечкување, како и симптомите на болеста“, изјави тој.
Во истражувањето учествувале 987 пациенти, но тоа продолжува и сега се анализираат податоците за повеќе од 3.000 пациенти, кои се со тешка клиничка слика.