Професор д-р Ирвинг Вајсман тврди дека со неговиот тим откриле вакцина против сите видови карцином. По речиси седумдесет години обиди да се најде ефикасен лек за рак, по болните третмани со хемотерапија и зрачење, научниците од Медицинскиот факултет Стенфорд откриле универзален лек што ќе ги уништи сите видови карцином со помош на уникатна вакцина.
Во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences е објавен научен труд за кој се смета дека може да направи пресврт во борбата против канцерогените заболувања, од кои умираат сè повеќе луѓе секоја година.
Тимот на Стенфорд, предводени од професорот Вајсман, открил дека речиси сите видови рак го користат протеинот CD47, што го збунува имунолошкиот систем на домаќинот. Овој протеин им овозможува на туморите и метастазите да се шират слободно низ целото тело без да бидат нападнати од Т лимфоцити – кои ги проголтуваат и раствораат сите туѓи клетки во нашето тело. Всушност, туморите создаваат оригинална мимикрија и со хемиска порака во облик на CD47 ја запираат желбата за нормална функција на Т лимфоцитите, по што канцерогените клетки несопрено растат и на крајот го осиромашуват телото на болниот и водат до негова смрт.
Тимот на Вајсман го открил протеинот CD47 пред околу десет години. И иако создавање блокатор за CD47 е релативно едноставна работа, дури сега ја објавија студијата во која е претставен неверојатниот ефект на анти-CD47. Тоа е супстанција која при експериментите на животни довела до уништување на канцерогени клетки во рекордно време, по само неколку третмани со инјекции кои го содржат овој револуционерен лек. Вајсман открил дека по терапијата со анти-CD4747 туморите кај лабораториските глувци исчезнале и тие останале здрави и четири месеци по третманот, поточно сè до објавувањето на студијата. Од контролната група од десет глувци со лимфом, само кај еден карциномот не бил целосно исчезнат. Сите глувци биле заразени со човечки карциноми, а екипата на Вајсман се обидела да ги пронајде сите познати типови на канцерогени клетки.
По деталното истражување, Вајсман изјавил:
„Покажавме дека на туморите, кои дури и не исчезнаа по примарните третмани, имунолошкиот систем продолжи да функционира. Имено, штом ќе ја отстраниме хемиската мимикрија на канцерогените клетки, Т-лимфоцитите брзо научија дека им е потребно да уништат нешто што личи на тој вид карцином, имунолошкиот систем се подобри, брзо и ефикасно беа уништени метастази, се спречи понатамошен раст на туморот и продолживме со нормално работење против канцерогените клетки, иако веќе не им дававме дополнителни инјекции со анти-CD47“.
Клетките на имунолошкиот систем имаат краток животен век, а научниците се воодушевени што по вакцинирањето се создаваат нови клетки што го напаѓаат карциномот. Таа способност да се научи телото да продолжи да реагира против карциномот откако ќе добие вакцина е најголемото откритие на тимот на Вајсман. На овој начин, имунолошкиот систем го запира повторното појавување на ракот.
Користењето на анти-CD47 во исто време со хемотерапија може да биде контрапродуктивно, бидејќи стресот од хемотерапијата предизвикува производство на уште повеќе CD47.
Тимот на Вајсман добил 20 милиони американски долари за клиничко испитување на вакцините на луѓе. Првите линички испитувања треба да се спроведат во Калифорнија годинава, по што следи ново истражување од кое зависи од кога оваа универзална вакцина против карцином ќе стане достапна ширум светот и по која цена.