Нов лек на „Фајзер“ ги намалува шансите за сериозна форма на ковид -19 за 89 %

Откако се покажало дека новиот лек на „Фајзер“ ги намалува шансите за сериозна форма на ковид – 19 за 89 %, велат научниците, од компанијата предвреме ги прекинале тестирањата.

Тестирањата покажале дека новиот лек драстично ги намалува шансите за хоспитализација и смрт кај лицата кај кои постои ризик да развијат сериозна форма на болеста.

Истражувањето опфатило 1.219 пациенти со благ или умерен ковид-19, кои имале најмалку еден ризичен фактор да развијат сериозна форма на болеста.

Само 0,8% од оние кои го земале лекот во првите три дена од појавувањето на симптомите завршиле во болница, а никој не починал по 28 дена лекување.

Ова ги надминува резултатите што „Мерк“ ги претстави за својата таблета против ковид-19 „молнупиравир“. Новиот лек на „Фајзер“ се дава во комбинација со постар антивирусен лек „ритонавир“ и овој третман ќе биде ребрендиран во „паксловид“.

Третманот се состои од три апчиња кои се земаат двапати дневно. За да бидат делотворни, антивирусните лекови треба да земаат најрано што може, пред да се развие инфекцијата.

„Фајзер“ кажа дека планира да произведе повеќе од 180.000 паковки од лекот до крајот на годината, како и 50 милиони во 2022.

Scroll to Top