“labia kiss” како што го нарекуваат на англиски, или на француски “pompoir” е новиот тренд меѓу сексуалните техники. Не станува збор за класичен бакнеж, туку бакнеж со вагината. Трикот е во тоа што жената го стимулира мажот со своите вагинални мускули кои ги стегнува и опушта, но секако, треба и самата да ужива во тоа. За тоа се препорачуваат Кегел вежбите.
Таа всушност го стимулира неговиот пенис – додека двајцата мируваат, тој лежи на грб, а жената седнува врз неговиот полов орган и со своите “љубовни мускули” демек го бакнува пенисот, предизвикувајќи ја ерекцијата на партнерот.
Дополнителна придобивка е што со самото тоа ќе ги зајакнете мускулите кои играат важна улога во постигнување на оргазам. Постои и јужноазијска варијанта на “pompoir” наречена “kabazzah”, каде жената со контракции на стомачните мускули го надразнува мажот. Жените велат дека за оваа вежба се потребни години за да се усоврши бидејќи се смета дека ваквата техника е неверојатно тешка. Вусшност станува збор за една варијанта на тантра чија цел е да го зголеми траењето и интензитетот на половиот однос.