Нови вакцини и промена на вакциналниот календар

By

 

Со две нови вакцини за пнеумокок и рота вирус се осовременува календарот за имунизација, со што Македонија станува лидер во регионот на полето на имунизацијата. Тие вакцини од почетокот на наредната година ќе бидат задолжителни за сите бебиња во државата.

Ова денеска на средба со новинарите го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека ќе бидат воведени уште две други нови вакцини кои ќе бидат замена за постари што ги има во календарот за имунизација.

Министерот најави дека ќе се формира Комитет за имунизација, кој ќе биде национално координативно тело, дел од него ќе има задача да го следи целокупниот процес на имунизација, од внесот на вакцините, начинот на дистрибуција, складирањето, начинот на апликација…

На средбата со новинари беше посочено дека во септември се планира и обука на здравствените работници за подобра примена на новите измени.

Ќе ви се допадне