Однесувањето после секс игра голема улога за вашето здравје, па за да се заштитите себеси и својот партнер, најважно е да не ги правите следниве работи:
Користење влажни марамчиња
Доколку сте чувствителни на хемикалии како алкохол, глицерин, мириси и одредени масла, користењето влажни марамчиња после секс може да предизвика иритација бидејќи сте поподложни на проблеми со кожата после секс. Најдобро е да користите обична вода.
Миење на вагината со сапун
Вагината е орган што сам се чисти, па немате потреба да користите сапуни. Чистата топла вода ќе ви биде доволна да ги отстраните сите течности.
Бричење на интимната зона
Поголема е веројатноста да развиете иритација доколку се бричите веднаш по сексот, бидејќи за време на сексот, жените доживуваат зголемен проток на крв во пределот на гениталиите.
Спиење во долна облека
По сексот, вашата кожа е топла и влажна благодарение на потта, вагиналниот секрет и спермата. Спиењето со долна облека ја задржува влагата, па ризикувате да фатите габична инфекција. Доколку не ја забележите и не ја третирате навреме, може да биде причина и за посериозни болести.