Оргазам на полноќ за цела година да имате секс

Ако сте од оние што имаат камин во домот, тогаш претворете ја новогодишната ноќ во вистинска романтична вечер. Постелете црвено ќебе покрај каминот. Пуштете музика за романтичен секс. На себе имајте едноставна облека и, секако, црвено вино. Уживајте во разговорот додека пиете од виното, кое потоа ќе ве наведе на секс. Дрвцата што потпукнуваат од огнот ќе ви ја направат атмосферата повеќе од романтична. Уживајте во нежните бакнежи, полека соблекувајте се и дозволете си малку орална предигра. За ваков амбиент, најдобра е класичната мисионерска поза кога партнерката, едноставно, лежи со раширен нозе, а партнерот е врз неа. Пенетрирајте нежно, движењата нека ви бидат бавни и трудете се да го одложите оргазмот. Обидете се да свршите точно на полноќ заедно со огнометот, кој го најавува доаѓањето на Новата година. Ако со секс ви тргне првиот ден од годината, цела година ќе имате секс. Уживајте!

Scroll to Top