Брзата диета со јајца ја препорачуваат нутриционистите, но само ако претходно се консултирате со лекар. Со оваа строга диета ќе ослабете, но ќе ви се подобри видот и здравјето на кожата и косата, велат тие. За време на диетата, освен пропишаните состојки, можете да конзумирате вода, кафе и чаеви без шеќер во неограничени количини.
Ден прв
Појадок: 2 портокали, 2 тврдо варени јајца, 1 чаша обезмастено млеко
Ручек: чаша јогурт, 300 гр варени или печени пилешки гради
Вечера: 200 гр варено или печено пилешко месо, 1 варено јајце, 1 портокал
Втор ден
Појадок: 2 тврдо варени јајца и чаша вода со неколку капки свеж лимонов сок
Ручек: 200 гр печена риба, 1 грејпфрут
Вечера: 3 тврдо варени јајца
Ден трети
Појадок: 2 тврдо варени јајца, 1 чаша сок од портокал
Ручек: 200 гр варено или печено говедско месо со зеленчук, 1 портокал
Вечера: 3 тврдо варени јајца
Ден четврти
Појадок: омлет од 3 јајца со кромид или зелени зачини по ваш избор, кафе со млеко
Ручек: 200 гр варено или печено говедско месо, 1 портокал
Вечера: 1 варено јајце, 2 портокали
Ден петти
Појадок: 2 тврдо варени јајца, салата од моркови со кисела павлака
Ручек: 2 сурови рендани моркови, 1 портокал
Вечера: 1 тврдо варено јајце и 200 гр печена риба
Ден шести
Појадок: 1 чаша јогурт, 1 портокал
Ручек: 2 тврдо варени јајца, 2 портокали
Вечера: чаша растителен чај
Ден седми
Појадок: 2 тврдо варени јајца, половина портокал
Ручек: 200 гр варено или печено говедско месо, половина портокал, 1 јаболко
Вечера: 1 чаша кисело млеко