Ослабете до 5 килограми за 5 дена

Брзите диети се обвинети дека ги следи јојо-ефект, односно дека изгубените килограми бргу се враќаат, но, сепак, тие се и прилично популарни бидејќи за куск период можете да изгубите и до 5 килограми.

 

Овие две диети ветуваат губење 5 килограми за 5 дена:

Брза диета број 1

Трае 5 дена и секој ден се јаде исто.

Појадок: Кое било овошје, освен банани.

Ручек: Една виршла и едно варено јајце.

Алкохолот, засладените сокови и млекото се забранети, но морате да внесувате по 2 литра вода секојдневно.

Диетата не смее да се држи повеќепати без пауза.

Брза диета број 2

Трае 7 дена, а предвиденото губење на тежината е од 5 до 6 килограми.

 

Прв ден

 

Се јаде само овошје, без банани. Овошјето е дозволено во неограничени количини, а најдобар избор е она што содржи многу течности.

 

 

Втор ден

 

Се јаде исклучиво зеленчук, кој може да биде свеж, зготвен или конзервиран, но треба да избегнувате мешунки. Се препорачува зелен и листест зеленчук. Зачините се дозволени, ама не и масло.

 

Трет ден

 

Се јаде и овошје и зеленчук. Зеленчукот се подготвува во форма на супа. Се комбинираат повеќе видови зеленчук, се варат и потоа се додаваат само зачини.

 

Четврти ден

Се јадат банани (до три дневно), немасно млеко и супа подготвена на истиот начин како претходниот ден.

Петти ден

 

Се јаде супата со еден оброк од 200 г говедско месо и до 6 свежи домати во текот на денот. Говедското не смее да се пржи на маснотии.

Шести ден

 

Покрај супата, се јаде и 400 г говедско месо.

 

Седми ден

Исхраната е како и претходниот ден, со тоа што говедското го заменувате со интегрален ориз.

Диетата може да се води неколку циклуси, но мора да правите барем два дена пауза меѓу циклусите.

Забелешка

Овие диети може да бидат исклучително тешки и штетни за човечкото тело. Па, пред да ги започнете, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Имајте на ум дека тие потенцијално штетно може да влијаат на вашето здравје.

Овие диети се дизајнирани да бидат општа информација и не можат да се третираат како замена за медицински или стручен совет за намалување на килограмите.

Scroll to Top