Покрај вежбањето, исхраната има важна улога во процесот на слабеење. Кокосово масло има многу позитивен ефект. Како додаток во исхраната, тоа е добро за кожата, го намалува нивото на шеќер во крвта и значително придонесува за здравјето. Кокосовото масло е богато со витамин Е, антиоксиданти и полифеноли, кои помагаат во регулирањето на хормоните и на тој начин донекаде го спречува зголемувањето на телесната тежина.
Сепак, не е секое кокосово масло исто. Најдобро е тоа што не содржи многу заситени масти оти тие доведуваат до зголемување на нивото на холестерол и се одговорни за зголемување на тежината.
Истражувањата покажаа дека кокосовото масло го забрзува разградувањето на масните киселини, а тоа го забрзува метаболизмот и доведува до поголема енергија. Затоа, тоа е главна состојка во исхраната на спортистите.
Може да се користи на различни начини. Може да се подготви со салата или со кари. Но, не додавајте многу – само една до две лажици. Исто така, може да се додаде капка во чај или кафе.
Кокосовото масло е добро за здравјето, но не може да го конзумирате неограничено. Околу 11 отсто од ова масло го чинат заситени масти, па затоа е доволно да се земат две лажици на ден.