Ослабете со пешачење

Во текот на денот сите пешачиме помалку или повеќе. Но, ако се придржувате до неколку правила и ако внимавате на исхраната, можете да ослабете дури и да не спортувате ништо друго.

Направете 15.000 чекори дневно

Иако на прв поглед ви се чини многу, зборуваме за секој чекор во текот на денот, откако ќе станете од кревет, додека не легнете повторно. Не заборавајте да мерите и да ја следите апликацијата на смартфонот.

Пешачете во брзи и бавни интервали

Пешачете така што ќе го менувате темпото на одење – брзи па бавни интервали, а ќе ги менувате на 1 минута. На овој начин ќе согорите дополнителни калории.

Одете по нагорници 

Искачувањето, односно пешачењето по нагорници помага да се дефинираат мускулите и да се забрза работата на метаболизмот.

Пешачете трипати дневно по 20 минути

Луѓето што пешачат 20тина минути по секој оброк имаат многу подобра рамнотежа на шеќер во крвта (што значително ја намалува желбата за непотребна храна), за разлика од оние што пешачат по 45 минути одеднаш, покажало едно истражување.

Пешачете и вежбајте

Доколку имате желба, додека пешачите, може да ја искористите клупата за да ги истегнете нозете или да направите пауза во место, па да направите 20 клекнувања.

Внимавајте на исхраната

Доколку сакате да ослабете само со пешачење, во текот на денот не би требало да внесувате повеќе од 1.600 калории дневно ако сте жена, односно 2.000 калории ако сте маж. Фокусирајте се на исхрана богата со протеини.

Одете по подолгиот пат

Иако ги знаете сите скратени патчиња до дома или до работа, сега користете го подолгиот пат.

Scroll to Top