Ослободете се од подочниците

Ако имате темни кругови околу очите кои постојано ги прекривате со коректор, нането е евтино, ефикасно и долготрајно решение. Земете неколку ливчиња свежо нане, измешајте ги во блендер и додадете неколку капки маслиново масло. Откако ќе ја изблендирате смесата, ќе добиете свежа маст. Нанесете ја под очите пред спиење и оставете ја да дејствува.

Постапката повторувајте ја секојдневно додека не забележите подобрување.

Подочниците се последица на неправилна исхрана, таложење токсини во организмот и недостиг на сон.

Покрај овa, обидувајте се да спиете најмалку 8 часа дневно, пијте најмалку 1 литар вода и намалете го количеството  алкохол или цигари.

Scroll to Top